Friday, September 23, 2016

Коњ

Коњот— голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на семејството коњ (Equidae) која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.
Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Т.н. диви коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.
Дивите предци на денешните коњи еволуирале милиони години во Северна Америка. Тие се рашириле во другите делови од светот со патување на југ во Јужна Америка и со преминување на копнените мостови кои ја поврзувале Северна Америка со Европа и Азија за време на леденото доба. Коњите исчезнале од Северна и Јужна Америка во еден бран на изумирање кој се случил при крајот на плеистоценската епоха, пред околу 15,000 години. Тие не се забележани во Америка сѐ до 1494, кога италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо ги транспортирал со бродови од Шпанија на неговото второ патување за Новиот свет

No comments:

Post a Comment